Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина

Умерен земјотрес неколку минути по полноќ го погоди подрачјето на Босна и Херцеговина (БиХ).

„Добро се тресе“, „Ова беше морничаво“ се само дел од коментарите на ЕМСЦ.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени.

Утрово имало три послаби земјотреси во Албанија и повеќе земјотреси во Турција. Во февруари само во Турција загинаа над 50.000 луѓе во земјотрес. Неколку илјади жртви имаше во Сирија.