Поблаг земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала ноќеска во 0:25 часот ја погоди околината на Крагуевац во Србија.
Епицентарот бил на 20 километри западно од овој град, на длабочина од околу 15 километри.
Засега нема информации за материјална штета.
„Кратко тресење“, „Добро се чувствуваше“, се дел од коментарите на страницата ЕМСЦ.