
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер денеска ја зафати Атина. Институтот за геодинамика на атинската опсерваторија соопшти дека земјотресот е почувствуван во поширокиот регион на Атина.
Епицентарот е регистриран во морето, на 30 километри североисточно од Атина на длабочина од 15 километри.
Засега нема податоци за евентуални штети или повредени.