Земјотрес го стресе Балканот попладнево

Кај Јадранското Море вечерва се случи земјотрес. Бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил почувствуван во северниот дел на Јадранот, недалеку од италијанскиот брег.

Утрово, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала исто така ја погоди и Тирана.

Епицентарот на земјотресот беше на 19 километри од Тирана на длабочина од 10 километри.