![Zemjotres](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/Zemjotres.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 28.01.2024 година во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km источно од Скопје, во епицентралното подрачје Св. Николе – Штип, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.