Земјотрес од 3,5 степени регистриран во централна Србија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран во Србија, пренесува ЕМСЦ.

Земјотресот се случил во 13:48 часот, а епицентарот бил регистриран на 56 километри источно од Крагуевац на длабочина од пет километри.

ЕМСЦ првично извести дека јачината била 4,3, но на подоцна објави дека земјотресот бил сепак послаб.

Засега, граѓаните велат дека земјотресот бил почувствуван во Јагодина, Ќуприја и Ниш.