Земјотрес од 4,1 по Рихтер ја погоди Германија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Германија. Се почувствувал на многу места од Ротенбург на запад до Плинген на истокот од земјата, јавуваат германските медиуми.

Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Балинген, Тибинген и Баден-Виртемберг.

Според првичните податоци, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.