Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди југозападна Франција, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
На веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки институт се наведува дека земјотресот се случил во близина на градот Сиржер, на длабочина од 15 километри, 126 километри југоисточно од Нант.
Засега нема податоци за причинета материјална штета.