Земјотрес од пет степени во Јоханесбург

Земјотрес со јачина од пет степени рано утринава го погоди Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, објави Американскиот геолошки институт (УСГС).

Засега нема извештаи за жртви или поголема материјална штета.

Земјотрес од таа јачина се смета за помал, но јасно се чувствува и може да предизвика помала штета на зградите.

Во Јужна Африка земјотресите се ретки. Последниот со магнитуда 5,0 или појак е забележан во 2014 година.