Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда 2,4 степени е регистриран разно изутрината во 05 часот и 40 минути во струмичкото епицентралното подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот бил на 130 километри југоисточно од Скопje и е почувствуван од населението во Струмица и Валандово со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.