Земјотрес сдо јачина од 6,2 степени во Токио, нема опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Токио и околните области на источна Јапонија, но нема опасност од цунами.

Земјотресот се случи во 19 часот и 3 минути, а според Јапонската метеоролошка агенција епицентарот бил на длабочина од околу 50 километри од источниот брег на Чиба.

Не се регистрирани нарушувања во нуклеарната централа Токаи 2, лоцирана во Ибараки, североисточно од Токио, објави нејзиниот оператор.