Земјотрес со јачина од 3,2 степени го потресе Маврово

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер попладнево е регистриран во близина на Мавровското Езеро.

Според информациите од ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 2 километри, а се случил точно во 15.05 часот.

Засега нема информација дали жителите на околните градови го почувствувале земјотресот, но како што е наведено на сајтот на ЕМСЦ, епицентарот бил на 60 километри од Скопје и на 15 километри до Гостивар.