Земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Крит

На грчкиот остров Крит се почувствува земјотрес, а епицентарот беше во морето, на 52 километри североисточно од Ситија, објави атинскиот Институт за геодинамика.

Јачината на земјотресот била 4,2 степени, иако прелиминарните резултати покажале дека тој бил 4,6 степени, објави веб-страницата „Екатимерини“.

Засега нема информации дали има штети или повредени.