Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер ја погоди Венецуела

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава Венецуела.

Земјотресот се случил на длабочина од 84 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 41 километар северозападно од градот Гуирија и 82 километри североисточно од градот Карупано.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.