Земјотрес со јачина од 6,8 степени ја потресе Куба

Силен земјотрес го погоди вечерва јужниот дел на островот Куба. Станува збор за земјотрес со магнитуда од 6,8 степени според Рихтер, во близина на јужниот брег на островот, недалеку од големиот град Сантијаго де Куба, соопшти Американскиот институт за Геофизика (УСГС).

Колкава е штетата и дали има повредени засега нема информации.

Епицентарот на земјотресот бил на 14,2 километри под океанот, на околу 35 километри од брегот на Бартоломе Масо и 175 километри од Сантијаго де Куба.