Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер го погоди островот Талауд во Индонезија

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Талауд, потврди Државната агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (БМКГ).

Ројтерс пренесува извештај од германскиот центар за геолошки истражувања, во кој се вели дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 24 километри.

Земјотресот се случил на 134 километри североисточно од округот Мелонгуана на островот Талауд, а засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

Земјотресите не се невообичаени во Индонезија.

Во земјотресот со јачина од 7,5 степени и придружното цунами што ги погоди Заливот Палу и островот Сулавеси на 28 септември 2018 година, загинаа 4.340 луѓе.