Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала е почувствуван синоќа во близина на источниот брег на рускиот полуостров Камчатка, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Руските државни медиуми јавуваат дека по земјотресот со јачина од 7 степени, кој го погоди источниот брег на Русија, еруптирал вулканот Шивелуч.
Земјотресот бил на длабочина од 51 километар, додаваат од сеизмолошкиот центар. Американскиот национален центар за предупредување од цунами соопшти дека постои опасност од цунами од земјотресот.
Според руските медиуми, жителите на областа ги напуштиле своите домови поради потресите. Како последица на земјотресот, во многу домови паднал мебел и се скршиле садови.