Земјотрес вечерва ја погоди Грција, а епицентарот е во близина на Атина.
Според првичните информации од веб-страницата која ги следи потресите, ЕМСЦ, јачината на земјотресот е 4,3 степени по Рихтеровата скала.
Според грчките медиуми, дел од луѓето во некои предградија на Атина панично истрчале на улиците по земјотресот. Сеизмолозите велат дека станува збор за редовна сеизмолошка активност и дека нема опасност од нови, посилни потреси.