Лесковац утринава повторно го погоди земјотрес, втор ден по ред. Во 8 часот утрото тлото се затресе, а благ земјотрес со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала е измерен на длабочина од седум километри.
Лесковац се стресе и вчера околу 11:30 часот, кога е измерен малку посилен земјотрес. Како што е објавено на сајтот на Сеизмолошкиот завод на Србија, бил со јачина од два степени според Рихтеровата скала, на длабочина од осум километри.
Во последните седум дена земјотреси во Србија се забележани во Косјериќ, Крушевац и Чачак, Зајечар…