Земјотрес во Штип со јачина од 2,3 степени

Утрово бил регистриран земјотрес во земјава, поточно во околината на Штип.

Како што објави сервисот „EMSC“, кој во реално време ги следи и ги забележува сите земјотреси што се случуваат насекаде во светот, потресот се случил во 4 часот и 22 минути, бил со јачина од 2,3 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри.

Нема информации за предизвикана материјална штета.

Изминативе две недели ова е петти пат да има слаб земјотрес кај Штип.