Земјотрес во соблекувалната на Јувентус поради платата на Влаховиќ!

Душан Влаховиќ повторно е во одлична форма. Србинот постигна четири гола во првите четири кола од Серија А и покажа навистина импресивна игра.

Влаховиќ минатата сезона имаше постојани проблеми со повреди и очигледна нервоза пред противничкиот гол и ретко наоѓаше пат до мрежата.

Србинот и минатата сезона започна добро и во првите четири кола постигна четири гола, но во остатокот од сезоната одигра лошо.

Моментално Влаховиќ заработува околу 9 милиони евра нето, а неговата плата ќе продолжи да расте и во последната година од договорот ќе достигне 12. И тоа ја потресе соблекувалната на Јувентус.

Токму оваа информација предизвика извесна љубомора кај останатите играчи.

Спортскиот директор Кристијано Џунтоли сака да го продолжи договорот со Влаховиќ до 2028 година, но со намалување на платата.

Воопшто нема да биде лесно преговарањето, бидејќи се знае дека неговите менаџери се “тешки“, а дополнително и одличната форма на српскиот напаѓач не му оди во прилог на Јувентус.

Инаку, Влаховиќ со четири гола во првите четири кола стана првиот фудбалер во историјата на Јувентус кој успеал да го постигне тој учинок две сезони по ред.