
Земјотресите што го зафатија битолскиот крај предизвикаа големи штети и врз манастирот „Свети Ѓорѓи“ во селото Велушина, кое се наоѓа во близна на македонско-грчката граница, објави ТВ Тера.
Според фотографиите објавени на Фејсбук страницата на Бистричка парохија, оштетувања има и во внатрешниот и во надворешниот дел на манастирот.
Пукнатини на ѕидовите, на тавани, оштетени фрески, фасади, оштетувања и на подовите, ваква е сликата по силните потреси.
Инаку од денеска започна пријавувањето на штети од земјотресите. Пријавите се доставуваат на шалтерите на Општина Битола.