Земјотресот во Македонија со јачина од 5 степени според ЕМС

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје  рано утринава, на 26.11.2019 регистрирше серија на земјотреси, чиј епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170km југозападно од Скопје.

Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 3 часот и 54 минути со локална Рихтерова магнитуда 6.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово), IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени според истата скала во источните делови на Република Македонија.