ПСЖ потроши огромни суми на пари во изминатата деценија, но за жал остави и впечаток на клуб во кој колективот никогаш не беше пред поединецот, а фудбалските ѕвезди доаѓаат само за добро да заработат и да си заминат од „Паркот на принцовите“.
Нејмар беше играчот во преден план со непрофесионализмот, Бразилецот си замина, но последните информации велат дека францускиот првак има нов „паразит“ во своите редови. Станува збор за Маркос Асенсио, кој летово пристигна како слободен играч од Реал Мадрид. Тој беше голема желба на директорот Окампос, кој го договори неговиот трансфер иако во тој момент ПСЖ немаше тренер, а на Асенсио се гледаше како на наследник на Нејмар на фудбалски план, не по непрофесионализмот на тренинзите.
Тренерот Енрике и клупската управа се во шок од однесувањето на шпанскиот интернационалец, особено откако клубот го доведе Дембеле од Барселона. Апсолутно незалагање за време на тренинзите што придонесе Енрике да не смета сериозно на него за време на натпреварите, но и ПСЖ да почне да бара решение за проблемот, можеби и во експресна позајмица на Шпанецот.
Она што е најважно за Асенсио, тој зема десет милиони евра само за потписот со францускиот гигант, а има загарантирано и плата од 10 милиони евра по сезона, двојно повеќе од она што го земаше во Реал Мадрид.