Земал провизии за посредување за работа во ЕУ, не плаќал данок

Неготинец заработил на 12 милиони денари од граѓани на кои им посредувал за работа во странство, но не плаќал данок, информираше МВР.

Станува збор за Д.К.(30) против кога Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување.

Според полицијата, осомничениот во текот на 2014, 2015, 2016 и 2017 година преку социјалните мрежи Фејсбук и Пазар 3 нудел услуги за посредување при вработување во западноевропските земји. При тоа од заинтересираните лица, за надомест и провизија како и за и судски превод наплатувал од 20.000 до 50.000 денари.

На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 12.008.038 денари, кои не ги навел во годишната даночна пријава. На овој начин Д.К. му нанел штета на буџетот од 1.176.110 денари.