Полицијата во Гостивар поденесе кривична пријава против двајца мажи и правно лице од Скопје за измама со пелети, односно земале пари а не им ги доствувале пелетите. Оштетели 26-мина граѓани.
„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.З.(39), Е.З.(41), двајцата од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против М.П.(38) од Скопје, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со измама.
Прво и второпријавените, во мај 2023, како вработени во пријавеното правно лице, ги довеле во заблуда оштетените дека ќе им бидат испорачани и доставени претходно платените пелети за греење.
Со тоа нанеле штета на вкупно 26 физички лица“, се вели во соопштението на МВР.