Претседателот на Чршка Милош Земан изјави денес дега бегалската криза во Европа представува организирана инвазија и додаде дека младите луѓе од Сирија и Ирак наместо тоа, би требало да се борат против џихадистите од Исламска држава, пренесува „Танјуг“.
Длабоко сум уверен дека сме соочени со организирана инвазија, а не со спонтано движење на бегалците, порача Земан божиќната порака до граѓаните на Чешка.
Тој додаде дека е „можно да се сочувствува со бегалците што се стари или болни, како и со децата, но не и со младите лица, што според неговото мислење, би требало да се вратат дома за да се борат со џихадистите.
Голем дел од илегалните мигранти се млади лица со добро здравје, што не се оженети. Се прашувам зошто овие мажи не се вооружат и не тргнат во борба за слобода против ИД, истакна Земан.
Земан додаде дека нивното бегство од земјите на Блискиот Исток што се разорени од војна, само го поттикнува зајакнувањето на Исламска Држава.
Ова не е прв пат чешкиот претседател да заземе контроверзен став за бегалската криза. Тој во ноември присуствуваше на анти-исламски собир во Прага заедно со десничарските политичари и припадниците на една паравоена единица.
Инаку, бегалците не се единствена мета на острите коментари на Земан, имајќи во предвид дека минатата недела изјави оти Чешка би требало да го воведе еврото првиот ден откако од еврозоната ќе излезе презадолжената Грција, поради што официјална Атина го повлече својот амбасадор од Прага.