Чешкиот претседател Милош Земан предупреди во средата дека постои „сериозен ризик“ од нуклеарен конфликт поради војната во Украина.
Според Земан, кој во минатото важаше за голем поборник на соработка со Русија и рускиот претседател Владимир Путине, Западот треба да го предупреди Кремљ дека „доколку таму се употреби нуклеарно оружје, ќе има енергичен воен одговор“.
„Со сите последици што ова може да ги има“, додаде 78-годишниот политичар денеска во Прага на маргините на средбата со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, пренесува германската новинска агенција DPA.
Двајцата склучија договор за продлабочување на економската соработка. Чешката Република се надева, преку можни испораки на течен природен гас (LNG) од Емиратот, да стане понезависна од руските енергетски превозници. Катар е најголемиот извозник на LNG во светот.