Двојниот шампион Земдегс успеа да ја намести коцката за само 5,695 секунди. Доста успешни беа и следните второ и трето пласирани натпреварувачи, за што добија пригодни награди и громогласен аплауз од присутните.
„Најпрво сакам да нагласам дека натпреварувањето беше феноменално, местото на одржување е преубаво, публиката исто така беше одлична, а задоволен сум и од наградата. На почетокот бев малку нервозен, бидејќи требаше да го потврдам минатогодишниот успех, но како одминување натпреварувањето така ми се враќаше и сигурноста, па ете на крајот славев по втор пат“.
Рубиковата коцка е измислена пред повеќе од четири децении, од страна на унгарскиот пронаоѓач, вајар и архитект, Ерне Рубик. Светскиот рекорд и понатаму го држи Американецот Колин Бернс, кој успеа да ја состави класичната коцка за само 5,25 секунди.