Земички за појадок и колач од бисквити со овошен јогурт

Состојки

половина квасец

половина лаж. шеќер

половина лаж. сол

200 мл вода

300 гр. брашно

1 јајце

малку масло

1 жолчка

сусам за посипување

Подготовка

Во млака вода или млеко измешајте го квасецот со лажица шеќер, додадете јајце, сол и брашно и направете тесто. Оставете да отстои за да стаса. Стасаното тесто измесето го и поделете го на мали делови. Обликувајте топки и распоредете ги на подмачкан плех.Премачкајте со жолчка и посипете ги со сусам.Со нож засечете ги врвовите на земичките за да изгледаат декоративни.

Печете ги на загреана рерна на 250 степени додека не зацрвенеат. Извадете ги од рерна и покријте ги со крпа за да омекнат.

kolacКОЛАЧ СО БИСКВИТИ И ОВОШЕН ЈОГУРТ

Состојки:

500 мл засладена слатка павлака

500 мл овошен јогурт од праски

400 гр. праски од компот од конзерва

500-700 гр бисквити петит бер

500 мл млеко

5 лаж рум или течна ванила

Подготовка:

Изматете ја слатката павлака, додадете овошен јогурт и конзервирано исцедено или свежо овошје. Овошјето нека биде каков што е јогуртот. Изматете ги додека не се соединат и ставете го филот на страна.

Во друг сад ставете го млекото, додадете рум или некој ароматизиран ликер. Во оваа смеса, потопете ја секоја бисквита, а потоа наредете ги на дното на тепсијата. Кога дното на тепсијата ќе го покриете со бисквити, додадете неколку лажици фил и рамномерно размачкајте го по бисквитите, а потоа наредете втор ред на бисквити кои исто така претходно сте ги натопиле во млекото. Постапката повторете ја се додека на се исполни тавчето.

Можете да украсете со чоколаден прелив или некој друг начин.

Колачот треба да отстои неколку часа во фрижидер пред да се служи, а потоа повторно вратете го на некое студено место.