
Планетата Земја во текот на денешниот ден ќе се најде на удар на густа и моќна соларна бура, соопшти американската Национална агенција за океаните и атмосферата (НОАА).
Поради неочекувано коронално исфрлање на маса од страна на Сонцето, можно е да се очекува и умерена геомагнетна бура, се наведува во соопштението на НОАА.
Според американскиот метеоролог Тамити Сноу, во текот на ударот на бурата можни се пречки во работата на ГПС уредите и потешкотии при користењето на радио станици.