![luge vo dvizenje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/luge-vo-dvizenje.png?resize=641%2C418&ssl=1)
Во поголемиот дел од земјите во светот реалноста се сведува на работата, но постојат и такви земји кои на малку поинаков начин се грижат за своите граѓани.
Така на пример, во Франција постои нов закон кој им дава право на работниците да игнорираат и-мејл после 6 часот, а во Шведска се испробува 6-часовниот работен ден.
Франција и Шведска не се единствените примери
Холандија
Во Холандија можете да земете и до две години болничко отсуство, а да добивате 70% од платата.
Литванија
Вработените тука законски мораат да имаат минимум 28 платени денови за одмор. Шведска, Франција и Данска не се далеку – тука имаат право на минимум 25 денови за одмор.
Исланд
Некои земји им нудат и на новопечените татковци да земат слободни денови за да поминат време со своите новороденчиња. Во Исланд можат да земат дури 120 денови со 80% од платата.
Шведска
Затворите во Шведска се наменети да ги рехабилитираат криминалците, а заради тоа, процентот на затвореници кои се враќаат назад во затворите е намален за 40%.
Данска
Лицата кои се отпуштени во Данска продолжуваат да земаат до 90% од платата која претходно ја имале, во наредните 104 недели.
Финска
Во Финска новопечеинте родители имаат голем број на бенефиции – заедно можат да земат 158 слободни денови, добиваат кутија со основни работи за грижа околу бебето, скратено работно време додека детето не наполни 2 години и бесплатен дневен центар за грижа на децата.
Канада
Канада е меѓу најсреќните земји во светот затоа што е во првите 10 земји во кои граѓаните имаат прилично големи приходи (дури и откако ќе се платат даноците), а се меѓу последните 10 земји во кои граѓаните работат прекувремено.