Министрите за надворешни работи на четирите сунитски арапски земји кои го бојкотираат Катар изразија во средата разочараност од негативниот одговор на оваа земја на нивниот ултиматум, ќе го задржат бојкотот но нема да донесат нови санкции против Доха.
„Одговорот кој четирите земји го добија е целосно негативен и му недостига содржина Тој покажува дека Катар нема да ја промени својата политика“, изјави египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри кој ја прочита заедничката изјава.
Следниот состанок на министерско ниво ќе се одржи во бахреинската престолнина Манама, на којшто ќе бидат одредени следните чекори во дипломатската криза со Катар.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати Егиепт и Бахреин на јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар и го блокираа копнено, поморски и воздушно, обвинувајќи го малиот но пребогат емират дека ги поддржува исламситичките и терористички групации во регионот, како и за сојузништво со регионалниот ривал шиитски Иран. Официјална Доха ги отфрла овие обвинувања како неосновани.
Министрите за надворешни работи на четирите земји се состанаа во египетската престолнина Каиро во средата за да разговараат за ситуацијата по истекот на рокот кој му го зададоа на Катар во поглед на исполнувањето на 13-те барања.
„Политичкиот и економскиот бојкот ќе продолжи сѐ додека Катар не ја промени својата политика“, порача саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир на прес-конференцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп повика на носење резолуција за катарската дипломатска криза во телефонскиот разговор во средата со египетскиот претседател Фатах ал-Сиси.
Трамп ја повторил потребата сите земји „да го запрат финансирањето на тероризмот и да ја дискредитираат екстремистичката идеологија“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Во официјалното барање со 13 барања, се бара меѓу другото да се поддржува панарапското исламистичко движење Муслиманско братство, џџихадистичките мрежи Исламска држава и Ал Каеда, да ја затвори сателитската меѓународна телевизија Al Jazeera и да ја намали соработката со Иран.
Во неделата вечерта за 48 часови го продолжија првиот рок од десет дена поставен на Доха за одговор, на барање на Кувајт кој посредува во оваа криза.
Катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абделрахман ал-Тани изјави во вторникот во Доха дека барањата на арапските соседи се „нереални“,и дека „не се однесуваат на тероризмот, туку се сака да се укине слободата на изразувањето“. Катар, исто така, одбива да ја затвори турската воена база на својата територија, којашто исто така е дел од ултиматумот.