![download](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/download-3.jpg?resize=680%2C424&ssl=1)
Да се прогласи елементарна непогода за житните култури на територија на целата држава поради сушата која предизвика намалени приноси на јачменот за 70 и на пченицата за 50 отсто, а обесштетувањето да биде 30.000 денари по хектар, бара Асоцијацијата на земјоделци.
Како што информира на прес-конференција претседателот на Асоцијацијата, Ефтим Шаклев, барањето е доставено до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Земјоделците не сакаат да имаат привилегии или повластувања, туку сакаат да се утврди фактичката состојба со приносите на житните култури. Бараме комисиите формирани за штетите од градот и поплавите, да ги проценат и штетите од сушата“, истакна Шаклев.
Според него, сушата пустоши на македонските ниви, а земјоделците трпат големи штети зашто родот ќе биде десеткуван.