Земјоделците порачаа: Крајно време е Македонец да застане и да каже „ДОСТА“ на поделбите

Не можеме веќе да ги поднесеме поделбите кои ги имавме досега во Македонија. Мислам дека е крајно време Македонецот да застане и здраво да каже дека е „ДОСТА“ на поделбите, порача на денешниот протестен марш во Скопје на граѓанската иницијатива, Лупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на Лозари, Агротиквешија од Кавадарци.

Тој им порача на Албанците да не го прават тоа што не сакаат да им го прават на нив.

„Мислам дека најздраво е да размислат и тие, бидејќи соживотот во Македонија продолжува и понатаму“, истакна Аризанов.

Според него, соживотот меѓу граѓаните треба да продолжат и натаму, но без странски платформи.