![zemjotres](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/12/zemjotres.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Земјотрес почувствуван во Битола и Ресен. Како што информираат од сеизмолошката опсерваторија во Скопје, земјотресот бил почувствуван во јужните делови од Република Македонија со интензитет 3.7 степени според Рихтеровата скала.
![Земјотрес почувствуван во Битола и Ресен, епицентарот е во Грција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/08/zemjotres-bt-resen-epicentar.jpg?resize=640%2C460)
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 24.08.2015 год., во 06 часот и 25 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Грција, 35 km јужно од Битола и е со јачина од 3.7 степени според Рихтеровата скала, се наведува во соопштението.