Земјотрес го погоди Киргистан

Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер го погоди јужното крајбрежје на киргистанското езеро Исик Кул, соопшти денеска американскиот Геолошки завод, објави МИА.

Замјотресот се случил во 7 часот и 24 минути по локално време на длабочина од десет километри со епицентар од 13 километри источно од градот Хаџи-Сеј, 240 километри југоисточно од главниот град Бишкек.

Засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.