![zemjotres-grcija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/zemjotres-grcija.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала изутринава ги потресе Јонските острови, а се почувствува и во Атина, но и во Скопје.
Според прелиминарните податоци на Институтот за геодинамика на Атинската опсерваторија, земјотресот се случи во 9:10 часот по локално време (8:10 часот по средоевропско време) во крајбрежниот појас на 11 километри југозападно од Лефкада, на длабочина од само пет километри.
Земјотресот траел неколку секунди и бил почувствуван на потегот од Јонските Острови и Епир до копното на Грција.
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во Скопје со интензитет од III степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, посочија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.