Северот на Тајланд денеска го погоди земјотрес со јачина од 6,3 степени на Рихтеровата скала, соопшти американскиот Геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот беше 32 километри југозападно од Чијанг Рај, а се почувствувал и во претстолнината Бангкок како и во соседната држава Мјанмар, пренесува Ројтерс.
Засега нема информации за жртви или материјална штета, наведуваат странските агенции.