Земјотрес од 8 степени на Алјаска

Земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала ја погоди сојузната држава Алјаска, соопшти Американскиот геолошки институт кој издаде предупредувачки аларм за опасност од цунами.

Земјотресот се почувствувал и во западниот дел на Канада, како и на Хаваите, а епицентарот бил на длабочина од 114 километри под Алеутските острови. Засега не е јавено дека има жртви.

Подрачјето на Алјаска е прочуено по големата сеизмичка активност, па од 1900 години забележани се 12 земјотреси со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а најјакиот кој се случил бил во 1965 година и бил со јачина од 8,7 степени.