Земјотрес почувстуван во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,5 степени во раните попладневни часови во неделата е  почувствуван во охридскиот регион.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на шест километри источно од Охрид, на длабочина од шест километри.

Овој регион беше погоден од серија земјотреси на почетокот на летото минатата 2017 година.