Земјотрес почувствуван во охридско

Благ потрес со интензитет 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 22 часот и 34 минути во Охрид и Ресен.

Информацијата ја соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри западно од Охрид.