Земјотрес регистриран во Грција

Земјотрес со интензитет од 5,2 според Рихтеровата скала денеска е регистриран крај брегот на Грција, соопшти геолошката служба на САД, јавува ТАСС.

Епицентарот на земјотресот бил на 72 километри југозападно од островот Закинтос, на длабочина од 15 километри.

Засега нема информации за материјална штета и настрадани лица.