Земојтес со Рихтерова магнитуда 3,4, кој потекнува од дебарското епицентрално подрачје, е регистриран во четвртокот околу 11,45 часот, извести Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на потресот е лоциран на 74 километри југозападно од главниот град Скопје, на длабочина од два километра.
Земјотресот е почувствуван од населението во Дебар, Гостивар и околината со интензитет III- IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за евентуални материјални штети кои се инаку исклучително ретки за потреси со ваков интензитет, како и за настрадани.