Земјотрес со магнутуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора во четвортокот, а десетина мунити по главниот подземен удар следувал послаб со интензите од 3 степени.
Земјотресот е регистриран во 11 часот и 46 минути, со епицентар во близина на Плав, на оддалеченост од 60 километри од главниот град Подгорица и на 30 километри од Пеќ во Косово, објави Сеизмолошкиот завод во Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, пренесе Радиотелевизија на Црна Гора.
Силното придвижување на почвата се почувствувало во Подгорица. Земјотресот предизвикал паника меѓу населението во Плав, Андријевац, Беране, Подгорица и други градови.
Земјотресот бил почувствуван и во југозападна Србија.