Земјотрес во Еквадор, досега две жртви

Најмалку две лица загинаа, додека осуммина се повредени во земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтеровата скала кој е регистриран во Кито, главниот град на Еквадор.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 7,7 километриа, а епицентарот е 22,5 километри североисточно од Кито, град со 1,6 милиони жители, соопшти американскиот Инстритут за геологија.

Според информациите на локалните медиуми, во земјотресот најмалку две лица се загинати.

Од Владата соопштуваат дека пожарникарите пробуваат да извлечат луѓе од под руевините. не наведувајќи детали.

Властите ги затвориле сите патишта околку престолнината за да не се случи уште некое лизгање на земјиштето, додека пак аеродрмот во Кито, по краток прекин, продолжи со работа.