![download (9)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/download-9.jpg?resize=275%2C183&ssl=1)
Силен земјотрес од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска ретко населениот планински регион во Иран, во близина со границата со Ирак, јавува иранската државна телевизија.
Властите потврдуваат дека има повредени и дека земјотресот нанел штета, но засега нема извештај за бројот на жртвите.
Земјотесот го погодил градот Мурмури на околу 500 километри југозападно од Техеран во седум часот во по локално време.
Локалниот гувернер, Махмад Реза, изјави дека одреден број на луѓе се повредени, но дека жителите биле подготвени на земјотрес бидејќи и во текот на вчерашниот ден се случил еден, но со помал интензитет.