Земјотрес во Измир

Истанбулската сеизмолошка опсерваторија „Кандили“ соопшти дека земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во Егејското море во близина на турскиот град Измир.

Како што јави телевизијата НТВ, епицентарот на овој земјотрес бил на дното на Егејското Море, а се случил во 11:12 часот по локално време (10:12 часот по средноевропско време).

Засега нема информации за жртви или за предизвикани материјални штети.

Два земјотреси во Македонија

zemjotres

Два земјотреси биле почувствувани синоќа во Охрид, Битола и Ресен. Епицентрите на земјотресите се наоѓаат во соседна Грција.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, минатата вечер во 22 часот и 39 минути и 22 часот и 41 минута, регистрира два земјотреси чии епицентри се наоѓаат во соседна Грција, околу 35 km јужно од Битола, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните макросеизмички податоци, овие два земјотреси се почувствувани во јужните делови од Република Македонија, односно Охрид, Битола и Ресен, а бил со интензитет од IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.