Земјотрес во Јонското Море кај Закинтос

Земјотрес со интензитет од 4.6 степени според Рихтеровата скала бил регистриран рано изутринава во Јонското Море, на 48 километри јужно од грчкиот остров Закинтос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Меѓутоа, според Европско-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот што се случил во 3.41 часот по локално време (2.41 часот по средноевропско време), бил со јачина од 4.8 степени според Рихтер.