Утрово околу 9 часот и 15 минути на подрачјето на северниот дел на Косово, почувствуван е земјотрес. Според првичните информации, земјотресот бил со мал интензитет и не предизвикал материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил во регионот на Косовска Митровица, соопштуваат од Сеизмолошкиот завод на Србија.
„Магнитудата била 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот бил со јачина од четири единици, што одговара на мегнитуда од 4,5 степени според Меркалиевата скала“, велат од заводот и додаваат дека земјотрес со оваа јачина не оштетува објекти.